Струга ТЛ и Захариевски ја продолжија соработката

504

Струга Трим Лум објави дека се договориле со тренерот Срѓан Захариевски за продолжување на соработката на уште една година. Струга е задоволна од работата на популарниот Срле посебно по историскиот успех на клубот и пласманот во новиот Купот на конференциите на УЕФА.

Захариевски е тренер на Струга од март минатата година, а претходно ги водеше Металург и Пелистер. Сега ќе ја води Струга на дебитантскиот настап во европските купови.

 

ПретходноПобедничката серија продолжува: Македонија со победа и над жилавиот Израел
СледноПандев одигра 57. минути, Џенова со победа ја заврши сезоната (видео)