Кристијано Роналдо лобира актуелниот селектор на Шпанија, Луис Енрике да го преземе менаџерското место во Манчестер Јунајтед, тврдат извори на „Скај Спортс“.
Се очекува Јунајтед да го покани Енрике на разговори како можна замена за Оле Гунар Солксјаер, кој утрово доби отказ. Се смета дека поранешниот тренер на Барселона би бил заинтересиран да разговара со претставниците на Јунајтед, а сега ќе ја има поддршката и од Роналдо, кој смета дека Шпанецот е вистински калибар на тренер за да му овозможи на Јунајтед да се врати во трка со Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи за титулата.
Енрике ја освои тројната круна со Барселона во 2015 година.