„Кралевите“ убедливo против Гранада и се вратија на чело на табелата (видео)

85

Екипата на Реал Мадрид е лидер во шпанската Ла Лига откако вечерва ја совлада Гранада во гости со 4:1. Марко Асенсио го отвори резултатот во 19. минута, а шест минути подоцна зголеми Начо. Андалузиската екипа врати со гол на Суарез во 34. минута.

Во вториот дел погодуваа играчите на Реал, прво Винисиус во 56. минута, а во 76. минута погоди и Ферлан Менди. Домашните од 67. минута играа со фудбалер помалку поради црвен картон на Мончу.

Реал има 30 бода, а Гранада е на 18. место со 11 поени.

ПретходноСебастијан Ожие по осмипат е светски шампион во рели
СледноВардар со половина сили до убедлив триумф во Струга