Галата-Фенер: „Squid game“ на трибини, гол за победа во 94 минута, црвен картон за Терим… (видео)

795

ФОТО: Тwitter/Turkish Football

Супер дерби на „Неф“ стадионот во Истанбул. Се соочија вечните ривали Галатасарај и Фенербахче и натпреварот заврши со резултат 1:2. Мечот го одбележаа неколку интересни моменти. Пред почетокот навивачите на Галатасарај направија фантастична кореографија со мотиви од моментално популарната светска телевизиска серија
„Squid Game“.

Галата поведе со голот на Актуркоглу во 16. минута, а изедначи Месут Озил во 31. минута. Во 83. минута Тисеранд поради два жолти картони беше исклучен, а веќе во наредната минута Диањ постигна гол кој беше поништен поради прекршок во напад. Во петтата минута од судиското продолжение Креспо ја затресе мрежата за победа на Фенербахче. Кога падна голот, судијата Мелер му покажа црвен картон на тренерот на домашните Фатих Терим поради жестока реакција.
Арбитарот покажа и 11 жолти картони.

ПретходноToтенхем шест полувремиња по ред не шутнале кон противничкиот гол
СледноЗверев го победи Медведев за титулата на турнирот во Торино