Сабит Билали од Шкупи се сели во Шкендија!

1090

 

Како што дознаваме, играчот за врска на Шкупи, Сабит Билали треба да биде првото засилување на Шкендија во летниот преоден рок. Билали, кој има 23 години, според нашите информации веќе се договорил со шампионот, остануваат само деталите а потоа да се случи и официјалната промоција.

Билали во Шкупи беше во изминатите две години, претходно играше за Македонија ЃП, Гостивар, а беше во Шкендија во 2018 година, значи тој се враќа во таборот на тетовските “црвено – црни“.

Билали е роден во Пула, во Хрватска, а како мал бил член на младинската школа на Динамо Загреб.

ПретходноТрагедија на прославата на титулата на Атлетико, загина млад навивач!
СледноАдеми стигна до 19. трофеј со Динамо: Горд сум, ова беше тешка сезона