Кои се четирите опции за Верстапен да стане шампион уште во С. Арабија?

603

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, вчера победи на трката за Големата награда на Катар и ја намали предноста на лидерот во генералниот пласман,  Макс Верстапен од Ред Бул на само осум поени. Иако Хамилтон е во извонреден ритам, Верстапен се уште е во предност на патот кон првата светска титула во кариерата. 24-годишниот Холанѓанец на следното Гран При на Саудиска Арабија на 5 декември, на трка пред финалето на сезоната 2021  може да се искачи нашампионскиот подиум. За да го реализира својотс он, Верстапенима четири отворени опции.

  1. Победа на трката за Големата награда на Саудиска Арабија и дополнителни бонус поени за најбрз круг, а Хамилтон да заврши шести или подолу.
  2. Тој да победи, а Хамилтон да заврши седми или подолу.
  3. Да заврши на второто место, да заработи дополнителни бонус поени за најбрз круг, а Хамилтон да остане по 10-тото место.
  4. Верстапен може да ја освои титулата и со втора позиција без дополнителниот бонус, но Хамилтон да заврши десетти или подолу.
ПретходноШевченко по дебито на клупата на Џенова: Ако останеме во Серија А, исто како да сме ја освоиле ЛШ
СледноКако младински тим: Дури 10 фудбалери помлади од 21 година играа за Барса оваа сезона