Во среда се играа 1/4 финалните мечеви од Купот на Македонија. Познато е дека се игра само по еден натпревар, кој ќе победи тој ќе оди во полуфиналето.
На дербито во оваа фаза, меѓу Македонија ЃП и Шкупи, главен судија ќе биде Александар Ставрев. Во Битола, каде се среќаваат Пелистер и Вардар во “Дербито на Македонија“, правдата ќе ја дели Марјан Ецкоски од Охрид.
ДВОЈКИ И СУДИИ – СРЕДА (13 Ч)
Шкендија – Струга ТЛ (И. Стојчевски – Скопје)
Пелистер – Вардар (М. Ецкоски – Охрид)
Силекс – Брегалница (А. Грујоски – Кичево)
Македонија ЃП – Шкупи (А. Ставрев – Скопје)