Иако на Островот веќе се шпекулира дека Хари Кејн наводно е големото засилување на Сити, Манчестер Јунајтед не сака предвреме да се предаде во оваа битка со соседот. „Ѓаволите“ покрај Кавани со кого го продолжија договорот, сега го сакаат и Хари Кејн, капитенот на репрезентацијата на Англија, веројатно најдобриот англиски фудбалер.
А имаат план за тоа.
Имено Марсиал би му го понудиле на Тотенхем, со што би ја намалиле цената на отштета. Ако Кејн побара раскин, тогаш губи повеќе бонуси, но и тоа Јунајтед би му го надоместил. Само трансферот да се реализира. Факт е дека, ако се оствари, јасно е дека тоа ќе биде британски рекорд.
Кејн би земал многу поголема плата во Јунајтед отколку во Сити, и тоа секако дека би го натерало да замине во црвениот дел на Манчестер а не во синиот.
Ова значи дека од враќањето на Роналдо на “Олд Трафорд“ нема ништо, сепак Кејн реално е подобра опција за Оле Гунар Солксјер од Португалецот.
Тоа сите го знаат. И на крај семејството Глејзер ќе го одврзе кесето и тоа ептен, само да го доведе Кејн и со тоа да го намали гневот на фановите на клубот кон нив.