Екс-шеф на Рубин: Можевме да го земеме Лукаку, но татко му не го пушти во Русија

211

Поранешниот спортски директор на рускиот Рубин, Мухсин Мухамадиев ги открива големите планови на клубот од Казањ и дел од планираните трансфери на играчи. Мухамадиев работеше како спортски директор во Рубин од 2008 до 2012 година, а тоа беше најдобриот период за клубот: двапати по ред беше шампион на Русија, го освои Купот на Русија и ја совлада Барселона во ЛШ.

Летото 2012 тој го напушти Рубин и стана шеф на националниот тим на Таџикистан.

Следевме многу играчи во тој период, некои млади, некои искусни. Дури сакавме да го потпишеме 17-годишниот Ромелу Лукаку од Андерлехт. Ни требаше напаѓач. Шефот на младинскиот тим Федоров отидовме да го гледаме него и Бусуфа. Тогаш застапник на Лукаку беше неговиот татко. Ние разговаравме со него, тој не се сложи син му да се сели во Русија. Ни кажа дека сака син му да го прати во Англија.

Имаше многу фудбалери на нашиот список. Некој не сакаше да живее во Казањ, некои бараа висока плата, други клубовите не ги пуштаа или бараа многу пари. На пример, зборувавме со луѓето од Порто за можноста да го купиме Радамел Фалкао. Лично зборував со претседателот на Порто кој побара 60 милиони евра за Колумбиецот. 60 милиони евра! А што ќе добиевме за тие пари?“, изјави Мухамадиев за руски „Спорт Експрес“.

 

ПретходноАнкета-1: Добро ќе биде да ги избегнеме Португалија и Италија!
СледноРистевски во тимот на колото во кипарскиот шампионат