Проблеми за Лајпциг пред мечот со Бриж: Тренерот и голманот позитивни на Ковид-19

81

Тренерот на Лајпциг, Џеси Марш и голманот Петер Гулаши се позитивни на коронавирус. И американскиот стратег и унгарскиот голман ги чека период на изолација, па ќе пропуштат неколку натпревари за бундеслигашот, меѓу кои и утрешното гостување кај Бриж во петтото коло од Лигата на шампионите.

Помошникот Марко Курт, кој бил во близок контакт со Марш нема да патува во Белгија, а Германците ќе ги води уште еден помошник, Ахим Бејерлокер.

ПретходноАл Хилал по рекорден четвртипат ја освои азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)
СледноПокетино дециден: Останувам во ПСЖ до 2023 година