Гасперини: На вештачка трева ниту Меси нема да одигра како што треба (ВИДЕО)

388

Тимот на Аталанта синоќа во рамките од Лигата на Шампионите гостуваше кај тимот на Јанг Бојс во Швајцарија. Имаше  на два пати водство, но на крајот мораше да се задоволи само со бод во ремито од 3:3.

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини нормално беше разочаран од она што се случи на овој меч затоа што гостите реално имаа контрола на играта, но примија голови кои реално и не требаше да ги примат.

„Водевме во два наврати. Но потоа примивме голови од корнер и од аут. Загубивме од концентрацијата и интензитетот, го вративме противникот во мечот. Имавме се во свои раце, а потоа ризикувавме дури и да загубиме. Тешко е да се игра на вештачка трева и да се пролагодиш на неа. Ние во текот на мечот се држевме добро, но…. Мислам дека ниту Меси да дојде да одигра тука нема да даде 100% од соите можности. Ја сум од онаа „стара фудбалска школа“ претпочитам фудбал на природна трева“ – изјави Гасперини

Emilio Andreoli/Getty Images
ПретходноЧелзи го сака Еден Азар на позајмица
СледноЗекири не сака да игра за Македонија, Младеновски и Ѓуроски во “аут”