Foto>Twitter/Liga1
Што ќе гледаме денеска во фудбалска Европа. Очекуваме интересни борби во топ 5 лигите. Фокусот ќе биде насочен кон француската Лига 1 каде што три екипи се борат за шампионскиот трофеј. Лил е во пол позиција и со победа на гостувањето кај Анже и сензационално ќе ја освои титулата пред богатиот и моќниот ПСЖ. Пари Сен Жермен и Монако кој е трет чекаат од позадина… Кикс на Лил, тогаш ПСЖ може да го нападне првото место. Киксови на Лил и ПСЖ, тогаш Монако може да се надева на титула.
ПСЖ во ова последно коло (21:00 ч) ќе игра во гости со Брест и не би требало да има изненадување, а Монако му гостува на Ленс.
Во Премиер лигата останува да видиме кој ќе избори место во Европа. Челзи, Ливерпул и Лестер ги бркаат позициите 3 и 4 кои водат во ЛШ. Ќе видиме кој ќе „извиси“. Вест Хем, Тотенхем, Евертон и Арсенал се во трка по место во ЛЕ.
Ливерпул ќе се соочи со Кристал Палас кого го има добиено седум пати по ред. Челзи гостува на Астон Вила, а Лестер игра дома со Тотенхем.
Во Италија се уште не е решено кој ќе патува во ЛШ покрај Интер и Аталанта. За третото и четвртото место се борат Милан, Наполи и Јувентус. Засега „Старата дама“ е надвор од топ 4. Денеска ќе се знае дали ќе успее да избори место во ЛШ или после долго време ќе игра во Лига Европа.
Јувентус игра со Болоња во гости, Милан игра со Аталанта во гости, Наполи дома со Верона.