Каква машина: 9 гола на првите пет настапи во ЛШ и гол на секој одигран меч!

294

Напаѓачот на Ајакс, Себастијан Алер, денеска постигна нови два гола за холандскиот гигант на мечот со Бешикташ од Лигата на шампионите и стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите, кој во своите први 5 настапи во најсилното клупско натпреварување, дошол до бројката од 9 постигнати гола!

27-годишниот Алер исто така стана само четвртиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кому му успеало да постигне гол на сите први пет настапи во групната фаза од натпреварувањето.  Алер го израмни постигнувањето кое пред него го имаа само Алесандро Дел Пиеро (1995), Диего Коста (2014) и Ерлинг Халанд (2019).

Интересен факт е и тоа што Алер по првите 5 кола во групата „Ц“, сам постигна повеќе голови од Бешикташ и Борусија (Д), додека Спортинг (Л) има исто колку што постигна и тој самиот – 9 гола!

ПретходноЛШ: Џеко го носи Интер пред портите на осминафиналето, Ајакс повторно победи (ВИДЕО)
СледноПрекинат штрајкот во Автокоманда, ракометарите на Металург се враќаат во сала