Генералниот директор на Јуве проговоре за ситуацијата по заминувањето на Роналдо

570

Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед, а за неговото заминување проговори и генералниот директор на „Старата дама“, Маурицио Аривабене.

Тој истакна дека Јувентус бил погоден од заминувањето на Португалецот, но дека сето тоа е сосема нормално.

„Сезоната за нас започна со заминување на важен играч, па Јувентус беше малку потресен. Кога ќе замине играч како Роналдо, таквата ситуација е неизбежна. За добро или лошо, тој имаше голема одговорност во тимот“, изјави генералниот директор на Јувентус.

Но, како што вели тој сега играчите се посигурни, се движат во вистинска насока/

„Мислам дека беше природно, но сега играчите се чувствуваат посигурни и презедоа дел од одговорноста и се движат во вистинската насока. Ова треба да биде еден добар тимски дух во тимот“, рече Аривабене.

Да потсетиме, Јувентус во Серија А не се истакнува. По 13 кола е на 8. место со 21 бод. Од друга страна во Лигата на шампионите успеа да се пласира во осминафиналето.

ПретходноЛШ: ПСЖ загуби на „Етихад“, Милан го замолкна Мадрид, Реал му направи услуга и на Интер (ВИДЕО)
СледноЛеброн исфрли навивачи од сала, Феникс не знае за доста (ВИДЕО)