Женската фудбалска репрезентација на Македонија предмалку во рамките од тековниот квалификациски циклус, на домашен терен, загуби од селекцијата на Северна Ирска со катастрофални 0:11. Ова фијаско на нашите девојки и селекторот Кирил Изов, не може да биде „исперено“ со фактот што ние настапивме со значително ослабен состав, и дека противникот на овој меч беше огромен фаворит.
Сето тоа стои, но реално примени единаесет гола на официјален квалификациски дуел е премногу. Да, Северна Ирскае еден од главните кандидати во нашата група за највисок пласман, има два бода помалку во моментов од лидерот Англија и ист број на бодови како и Австрија, но начинот на кој што е загубен овој меч нам не ни дава никаква надеж дека овие девојки се кадарни да одиграат еден стандарден натпреварувачки дуел.
Сите сме свесни за тоа на какво ниво е македонскиот женски фудбал, и дека периодов дури и се направени некакви организациски поместувања на подобро, но за да се надеваме на некаква позитива на интернационално ниво очигледно не треба ниту да помислиме.
Противникот на овој меч конкретно во 16. минути веќе водеше се 0:4, промаши и пенал, а до полувреме имаше плус седум. До крајот гостинките рутински одиграа, додадоа уште четири гола во нашата мрежа за комлетно фијаско на нашиот нацонален тим.