Клоп ги навреди Африканците!

236

Во последно време на Јирген Клоп како да не му оди со изјавите. Нешто ќе каже, па потоа демантира или пак се дообјаснува. Така и пред некој ден кога за Африканскиот Куп на Нациите рече дека тоа е “уште еден мал турнир“.

Имено тој истакна дека одново не може да смета во текот на февруари на Мане, Салах, Кеита… и тоа поради таму некој си “мал турнир“.

На ова реагираа неколку новинари по потекло од Африка, критикувајќи го Германецот, кој потоа мораше да се извинува дека не мислел така. Дека тој го почитува Африканскиот Куп но и дека ќе му недостигаат неговите главни играчи.

ПретходноПолувреме под Шара: Маронг стрелаше за водство на “пандевци“!
СледноПСЖ подготвува одмазда: Винисиус на “Паркот на принцовите“!