Македонија со пораз на свој паркет вечерва во “Јане Сандански“ ги започна квалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023. Ова беше наш прв меч во групата -Г, а ние вечерва загубивме со 65:94. Секако дека овој резултат и овој пораз е убедлив за Македонија, и покрај се, се очекуваше пораз со помал резултат. Треба да се каже дека за ваков исходв виновна е третата четвртина или почетокот на вториот период кога бевме катастрофални во сите елементи на кошаркарската игра.
Инаку најефикасен во нашите редови беше Симиќ со 18 поени, двоцифрен беше и Вајли со 10 поени.
Додека кај Шпанија најмногу поени имаше Сима со 17 поени.
Мечот почна со водство на Македонија, Николов погоди за 2:0. Потоа Шпанија го презеде водство, ги “стегна“ своите редови и како се одвиваше мечот играше се подобро. Избраниците на Драган Бајиќ се трудеа, сакаа да покажат пред домашната публика многу повеќе, се разбира дополнителен мотив беше противникот, сепак Шпанија е светски првак, без разлика што не дојде во Скопје со најсилен состав.
Во првата четвртина добра се држевме, успеавме да постигнеме 14 поени, но сепак Шпанците реализираа 21.
Во втората четвртина реузултатски бевме уште подобри, успеавме да постигнеме 16 поени. Шпанија почнаа со подобра одбрана, контрите беа нивното опасно оружје. На пауза се замина со минус 11 поени, иако реално можевме да дојдеме до подобар скор.
ЛОША ТРЕТА ЧЕТВРТИНА
Сепак се случи тоа што се очекуваше. Третата четвртина беше за заборав. Токму тука Шпанија ја направи таа голема разлика, тука Шпанија ја доби средбата. Спортски кажано нагазија, ја покачија брзината и треба да се каже дека одиграа навистина добро и квалитетно. Тука Македонија не можеше ништо да стори. Гостите ја искористија сета своја сила, знаеја што сакаат, знаеја како да дојдат до тој резултат кој им беше потребен за убедлив триумф.
Треба да се каже дека Мекиќ ја дигна публиката на нозе коха од пола терен успеа да го погоди кошот на Шпанија. Токму тој кош како да ги “дигна“ нашите кошаркари а Тео Симиќ беше во елемент.
На крај сепак без разлика на резултатот, треба да се каже дека игравме со првиот фаворит во групатам, Шпанија е силен, силен тим. Ние нашите шанси треба да си ги бараме на останатите мечеви, и тоа веќе во понеделник против Украина на гости.
Иако можеби требаше поразот да биде со помала разлика.
Квалификации за Светскиот Куп 2023 – група Г
МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА 65:94 (14:21, 16:20, 17:29,18:24)
Сала “Јане Сандански“ во Скопје.
МАКЕДОНИЈА: Крстевски, Мекиќ, Николов, Робев, Симиќ, Ефремовски, Магдевски, Маслинко, Николовски, Стајиќ, Д. Стојановски, Вајли.
Селектор: Драган Бајиќ.
ШПАНИЈА: Колом, Диез, Фернанез, Гуера, Лопез – Аростеги, Бризуела, Диаз, Пара, Перез, Прадиља, Састре, Сима.
Селектор: Серџио Скариоло.