Трагедија: Во сообраќајна несреќа загина 21-годишен фудбалер!

1318

Страшна вест од Црна Гора. Имено во сообраќајна несреќа загинал фудбалерот Мирза Ѓурѓевиќ, кој имал само 21 година. Докторите речиси 24 часа се бореле за неговиот живот, но сепак не успеале да го спасат со оглед на тешките повреди.

Ѓурѓевиќ бил член на тимот Језеро, кој се натпреварува во елитната лига во Црна Гора. Според извештаите од тамошните медиуми тој бил еден од најталентираните фудбалери во својата земја.

ПретходноМакедонија денеска на “тест“ со Србија!
СледноЈуве ќе “лета“ во Серија Б!?