Нов скандал во Италија! И овојпат е вмешан а кој друг ако не Јувентус, најтрофејниот клуб во Италија. “Спортмедиа“ утринава извести за тоа дека “Старата дама“ се товари за проневера на голема, огромна сума на пари, и тоа некаде околу 50 милиони евра. Поведена е официјална истрага, а финансиска полиција веќе е влезена во клупските простории.
Ова е вест бр. 1 и не само во фудбалска Италија туку и во цела фудбалска Европа. Јуве е гигант во светски размери.
Инаку најново е тоа што, барем според медиумите во Италија, Јуве би можел дури да се најде и во Серија Б. Нешто што не му непознато на овој клуб, ако се знае што се случуваше пред 15 години и фамозната афера “Калчополи“.