Во случај Килијан Мбапе во јуни и дефинитивно да го засили Реал Мадрид, тогаш ПСЖ, односно спортскиот директор Леонардо, веќе подготвува слатка одмазда. А тоа е ангажман или “крадење“ на Винисиус Жуниор неговиот сонародник од “Сантијаго Бернабеу“.
Имено Леонардо е подготвен да му понуди голема плата, двојно повеќе од она што сега Бразилецот го зема во Реал.
Сепак останува да се види каков ќе биде потегот на Флорентино Перез, дали првиот човек на “кралевите“ така лесно ќе се откаже од својот омилен фудбалер кој во последно време едноставно блеска во дресот на Реал Мадрид.