Ренова – А.Пандев 1:2, тоа е епилогот од големото дерби во 15.коло во ПМФЛ кое се одигра попладнево во Тетово. Квалитетен, одличен меч во кој и двете екипи одиграа отворено, но гостите знаеја како да ја затресат мрежата на Ренова, а домашните тоа не го направија, односно само еднаш, па затоа и го загубија овој меч.
А. Пандев дојде во водство со голот на Маронг во 42.минута со што на пауза се замина со 0:1. Во вториот дел домашнниот состав на Ренова уште повеќе притисна, се редеа акциите и шансите пред голот на Марко Јовановски, но гол немаше па немаше. Во 67.минута гостинскиот голман на чудесен начин го спаси својот гол, домашните во една акција во два наврати шутираа.
Во 73.минута Мартин Мирчевски шутираше прекрасно од слободен удар, но Вели со фантастична парада го спаси својот гол.
Но не успеа да го спаси четири минути подоцна кога Велиноски прекрасно асистираше а Мирчевски погоди за 0:2. Ова беше негов 16 гол сезонава. Да кажеме дека Мена Перез во 91.минута можеше да го ублажи поразот.
Сепак Селмани во 92.минута погоди за 1:2, за конечен резултат на ова дерби.
Нема што, Академија Пандев опасно му се заканува на лидерот Шкупи.