Столе и Рајо со екстра бод кај Валенсија

199

Македонскиот репрезентативен голман, и интернационалец Столе Димитриевски предмалку со својот тим Рајо Ваљекано успеа на гостински терен да освои бод во ремито против тимот на Валенсија, 1:1.

Столе и неговите соиграчи одиграа одлични деведесет минути имаа повеќе удари кон противничкиот гол од домаќинот, и како доста искусна екипа се вратија од негатива.

Домаќините поведоа преку Солер од пенал во 19. минута, а гостите израмнија во второто полувреме преку Палазон во 64. минута.

Рајо сезонава игра во одлична форма, освои многу бодови досега и во моментов е на петтата позиција со 24.бодови. Валенсија пак има три ремија по ред и досега собра 19. бода кои го поставуваат тимот на позицијата девет.

 

ПретходноОбамејанг прописно се обрука (ВИДЕО)
СледноВелковски и Ријека се извлекоа во Белупо