Она што се наговестуваше, веројатно и ќе се оствари. А тоа е дека Новак Ѓоковиќ нема да учествува на првиот Грен слем за следната година оној на Австралија Опен.
Тоа се чини го потврди и неговиот татко, Срѓан Ѓоковиќ кој беше многу гневен на власите во таа земја.
Проблемот е во вакцинацијата. Властите во Австралија велат дека може да игра било кој, но само ако е вакцниран.
Тој веднаш реагираше и кажа дека тоа е право на самиот Новак, за тоа дали ќе се вакцинира, дали е вакциниран и слично. Исто напомена дека ако продолжат ваквите уцени неговиот син најверојатно нема да настапи на овој тениски турнир.