Лестер го „спушти“ Ватфорд на земја, Сити на рутина против Вест Хем (ВИДЕО)

119

Тимот на Лестер на суверен и најдобар можен начин на домашен терен денеска дека е во добра форма во моментов. Го совлада тимот на Ватфорд со конечни 4:2, и на тој начин ги освои бодовите кои му значат добар влез во Божиќната серија на мечеви.

Со головите на Медисон, двата на Варди и на Лукман домашните имаа контрола на мечот, додека пак Кинг и Денис погодија за гостите.

Од друга страна пак, по исклучително тешки временски услови тимот на Манчестер Сити со 2:1 го совлада Вест Хем на домашен терен со головите на Гундоган и Фернандињо. Во последните секунди од мечот Ланцини ги постави конечните 2:1 на овој меч.

Конечно, во овој термин од Премиеригашкото коло викендов, тимот на Брендфорд со минимални 1:0 го совлада Евертон.

ПретходноНие сме навикнати да одиме по потешкиот пат: Како во ФФМ се следеше ждрепката за баражот за СП! (ВИДЕО)
СледноСасуоло му одржа лекција на Милан среде Милано (ВИДЕО)