Атлетико како ураган во второто полувреме го „разнесе“ Кадиз (ВИДЕО)

124

Атлетико Мадрид победи со 4-1 на гостувањето кај Кадиз со головите на Томас Лемар, Антоан Гризман, Анхел Кореа и Матеус Куња, сите во вториот дел од мечот. Јан Облак, пак, си постигна комичен автогол пред четвртиот гол за „јорганџиите“, но тоа воопшто и не влијаеше на конечниот резултат.

Натпреварот кој беше особено важен за тимот на Чоло Симеоне, на крајот донесе вредни три бода со кои шампионот останува во најтесна битка за врвот во Ла Лига.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноАбрахам и донесе нова победа на Рома (ВИДЕО)
СледноКошаркарите ја почувствуваа „Палатата на спортовите“ во Киев (ФОТО)