ФОТО НА КОЛОТО: Радоста на Гури и Џеси среде Ѓорче!

353

Во минатите неколку години во раководствата Шкендија во неколку наврати покажаа дека знаат и тоа како да “утнат“ со странците. Имено ретко кој во Тетово дошол и направил разлика во играчка смисла. Шампионот секогаш се потпирал на Хасани, Бејтулаи, Алими, Захов, Ибраими, Тотре и слично.

Но затоа сега е поинаку. Синдрит Гури е играчиште. Тој во моментот е бр.1 во Шкендија. Висок, знае фудбал, шутира и со лева и со десна, со глава исто, знае да даде гол и од тешка ситуација. Така беше вчера во Ѓорче, кога по неговиот гол за водство од 0:1, интернационалецот од Албанија ја подели радоста со Џеси, црномурестиот играч за врска во Шкендија.

ПретходноЧелзи дозна кој му е ривал во 1/2 финалето на Светското клупско првенство!
СледноПОЛУВРЕМЕ ВО КИЕВ: Македонија води против Украина