Донарума со наградата „Јашин“ за најдобар голман

110

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума е избран за најдобар голман за 2021 година од страна на францускиот спортски магазин „Франс фудбал“. Голманот на Пари Сен Жермен имаше успешни настапи за Италија со која стана европски првак, а претходно играше за Милан па летоска се пресели во редовите на францускиот гигант.

Донарума ја доби наградата „Лав Јашин“ наменета за најдобриот чувар на мрежата. Зад него останаа Едуард Менди од Челзи, Јан Облак од Атлетико, Едерсон од Манчестер Сити, Мануел Нојер од Баерн…

 

ПретходноЛевандовски е избран за напаѓач на годината!
Следно„Деветка“ од Северна Ирска за Македонија