Кошаркарите на Денвер Нагетс ја прекинаа серијата од шест порази, со победа пред речиси 20.000 навивачи во Мајами со 120:111. Српскиот центар Никола Јокиќ по пауза од четири натпревари поради повреда на скочниот зглоб се врати на теренот и постигна 24 поени со 15 скока и 7 асистенции, а мечот го помина во постојани свирежи од трибините.
Неговите браќа седеа зад клупата на Нагетс, но натпреварот мина без проблеми, по инцидентот кој Јокиќ го имаше со кошаркарот на Хит, Морис на претходниот меч меѓу двата тима.
Морис оттогаш не игра поради проблем со вратот, а Јокиќ изјави дека не разговарал со него.
Вечер за заборав за Далас на синоќешниот меч со Кливленд на домашен терен. Мавси загубија со 96:114 во меч во кој Дончиќ направи трипл-дабл, но остатокот од тимот одигра очајно, а згора на се се повреди и Кристапс Порзингис.
Дончиќ средбата ја заврши со 25 поени, 10 скока и 10 асистенции, но се чини повеќе од поразот загриженост роди повредата на Порзингис, кој го исчаши зглобот.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Далас – Кливленд 96:114
Филаделфија – Орландо 101:96
Мајами – Денвер 111:120
Чикаго – Шарлот 133:119
Хјустон – Оклахома 102:89
Минесота – Индијана 100:98
Сан Антонио – Вашингтон 116:99
Јута – Портланд 129:107
ЛА – Њу Орлеанс 104:123