Наковски Волеј со пресврт до победа на дербито со Јанта Волеј КВ

489

Одбојкарките на Наковски Волеј остварија голема победа во дербито на 10. коло од домашното одбојкарско првенство. Синоќа во меч против актиелниот шампион Јанта Волеј КВ, струмичанки на свој терен славеа со 3:1.

мечот беше дотолку поинтересен со оглед на почетокот во кој гостинките тотално доминираа и го добија со преубедливи 25:14. Тоа како да ги освести домашните одбојкарки, кои веќе од вториот сет го покажаа вистинското лице. Откако го добија сетот со 25:22 и израмнија на 1:1, кризата комплетно ги напушти, па во следните два сета успеаја да дојдат и до поубедлива разлика за конечна победа.

За денеска е закажан и последниот меч од тековното коло меѓу Работнички и Универзитет во Тетово.

Прва лига (жени), 10.коло

Струмица жени – Вардар жени                           3:0 (25:11, 25:17, 25:13)

Пелистер волеј – Фит фан волеј                         0:3 (15:25, 21:25, 20:25)

Наковски волеј – Јанта волеј Кисела вода          3:1 (14:25, 25:22, 25:16, 25:19)

Работнички Скопје – Универзитет во Тетово       (денеска,17.00)

ПретходноЈокиќ посилен од свирежите во Мајами, Дончиќ и Далас со меч за заборав (ВИДЕО)
СледноВељковиќ прозборе: Селекторот на Белгија „лапнал“ од трансферот на Тричковски во Бриж, кој се добивал „црни пари“?