Чудните забрани на Рангник: Роналдо не смее да ги вози своите луксузни автомобили!

2808

Манчестер Јунајтед вчера го именуваше Германецот Ралф Рангник за нов тренер на тимот до крајот на сезоната, а веќе од денеска почнува и неговото работење во клубот. Според добро упатени извори, методите со кои Рангник се служи при својата тренерска работа во голема мерка нема да им се допаднат на фудбалерите на „црвените ѓаволи“.

Ранкник, кој е познат по строгата дисциплина што им ја наметнува на своите тимови, како прва мерка секогаш кога работи во некој клуб ја става чудната забрана за користење на личните автомобили на фудбалерите, освен за време на викендите.

Од оваа забрана веројатно прв засегнат ќе биде Роналдо кој нема да може да ја користи својата суперлуксузна колекција на автомобили вредна повеќе од 20 милиони евра.

ПретходноВељковиќ прозборе: Селекторот на Белгија „лапнал“ од трансферот на Тричковски во Бриж, кој се добивал „црни пари“?
СледноСе појави и листата со гласови за „Златната топка“: Битката меѓу Меси и Левандовски до крај била неизвесна