Женската репрезентација на Англија ја совлада Летонија со 20:0 во меч од 6. коло во групата Д од квалификациите за Светското првенство во која е и македонската репрезентација. Англичанките го демолираа противникот кој е закован на дното на табелата без бодови и гол разлика 2:46.
Ова е и највисоката победа на некоја репрезентација во квалификациски натпревар за Мундијал.
Натпреварот се одигра на „Кипмот“ стадионот во Донкастер, а Мед, Вајт, Хемп и Русо постигнаа по три гола.
Да кажеме дека наредниот меч Англичанките ќе го играат против Македонија во Скопје и тоа во април идната година, а како потсетување Англичанките на домашен терен ги победија македонските репрезентативки со 8:0.