Пелистер – Вардар одложена, теренот во Битола е катастрофа

447

Поради катастрофално лошиот терен во Битола, на стадионот Тумбе Кафе денешниот меч од четврфтиналето од националниот куп на Македонија меѓу Пелистер и Вардар е одложен.

Истиот ќе се игра на 14 декември, а ова е втор пат како истиот меч се одложува. Првиот пат секако беше поради трагедијата во Бугарија, а сега поради очајната состојба на теренот во Битола, кој е покриен со снег.

Истиот во текот на вчерашниот ден во Битола паѓаше во изобилство, и не беше правовремено исчистен па нормално е што нема никакви услови за фудбал денеска на Тумбе кафе.

Претходно„Баделки“ во историската ВАБА сезона го пречекуваат Бановиќи
СледноИграч на Арсенал се одбрани од криминалците и ги избрка од својот дом (ВИДЕО)