Менаџерот на Тотенхем Антонио Конте одби да коментира на темата за евентуална зимска селекција, но исто така посочи дека чувствува дека „Вајт Харт Лејн“ е вистинското место за него. Поранешниот тренер на Јувентус, Челзи, Интер и селектор на Италија додаде дека сака да постигне нешто фантастично со Тотенхем во наредните години.
„Знам дека во моментов сме далеку од тимовите кои се при врвот, но треба да работиме за да ја подобриме ситуацијата. Можеме да го направиме. Знам дека не е лесно, но јас имам голем ентузијазам и трпение и верувам дека можеме да освоиме трофеи. Потребно ни е време и трпение, а јас исто така имам желба да направам нешто големо со Тотенхем. Ја прифатив работата затоа што чувствувам дека Тотенхем е вистинскиот клуб за мене. Тоа е клуб во кој можам да ги претставам своите идеи и филозофија на фудбалот. Јануари е далеку. Треба да се сконцентрираме на тоа што имаме како задача во декември и да се качуваме на табелата. Јас верувам во овие момци“, изјави Конте.