Со голот на Маупај во 89. минута, фудбалерите на Брајтон успеаја да се спасат од пораз на гостувањето во Лондон против вест Хем, кој водеше уште од 5. минута на денешниот меч.
Домашните тргнаа одлично и со голот на Соучек поведоа многу рано, а на почетокот на второто полувреме имаа гол и за 2:0, кој сепак беше поништен поради офсајд. Иако континуирано оддолеваа на гостинските напади, „чеканите“ сепак не успеаја да се одбранат до крај. Со голот на Маупај на минута пред полувреме Брајтон заминува со бод од Лондон.
Меч со четири гола, но без победник, одиграа и Саутемптон и Лестер на „Ст. Мери“. Домашните двапати водеа, Лестер двапати израмнуваше. Отвори со гол Беднарек во 3. минута, па Џони Еванс израмни на 1:1 во 22. минута.
Потоа во 34. минута Адамс ги врати домашните во водство, за Медисон во 49. минута повторно да израмни на 2:2.
Нерешено заврши и мечот меѓу Вулверхемптон и Барнли. Таму на крајот гледачите си заминаа без да видат гол, за конечни 0:0.