Во вторник на Арената во Скопје, фудбалерите на Тиквеш ќе го одиграат својот најважен меч во последните две години. И одново против Силекс во битка за пласман во елитата. Во Ѓорче пред две години кратовци тогаш беа поуспешни, дали во вторник со почеток од 16 часот кавадарчани ќе имаат повеќе среќа?
Останува да видиме.
Инаку попладнево на тренингот на Тиквеш, на еден од последните пред бараж натпреварот со Силекс, на стадионот во Кавадарци дојдоа и најверните фанови, “Лозарите“. Тие им дадоа поддршка на своите миленици, но и побараа победа и пласман во елитата.