Навивачите почнаа да го навредуваат, Умтити излезе од автомобилот (ВИДЕО)

665

Самуел Умтити не се наигра ниту оваа сезона, поточно не доби ниту една минута, што доволно говори за неговиот статус во таборот на Барселона. Раководството на каталонскиот гигант се обиде да го продаде и да го ослободи буџетот, но тој ги одби сите понуди.

Откако Умтити не доби шанса ниту кај новиот тренер, Чави Хернандез, навивачите како да го загубија трпението, но претераа. Тие го сопреа неговиот автомобил среде тренинг центарот и почнаа да го „решетат“ со различни навреди. Фудбалерот на Барса ги изненади, излезе од неговиот автомобил.

Тој им објасни како треба да се однесуваат: „Дојди ваму. Дали ти плаќаш за овој автомобил? Па зошто тогаш така се однесуваш?“, се дел од зборовите на Умтити кон еден од фановите.

Секако не требаше да мине многу време за да излезе видео-снимка од овој момент. Голем број на навивачи го осудија овој инцидент, порачаа дека никој не смее така да се однесува кон фудбалерите.

ПретходноНов СУПЕР милионер во Тетово, два милионер џек пота во Куманово
СледноФилип Ѓоревски ќе биде новиот извршен директор на МЗТ Скопје!