Кожув го предизвикува Работнички!

156

По пауза од две недели поради квалификациските мечеви за место на Светското првенство 2023 година, продолжуваат мечевите од Првата лига. Во рамките на деветото коло денеска ќе се одиграат три средби.

Дербито е во Скопје, Работнички е домаќин на Кожув. Најтрофејниот кошаркарски колектив се наоѓа на петото место на табелата со 13 бода, за влез во големата четворка ќе му биде потребна победа против гевгеличани.

Но, на Тони Симиќ и неговите момци им е јасно дека ќе имаат тешка задача. По очајниот старт, Кожув влезе во ритам, запиша четири победи во низа, па со големи мотиви доаѓа во „Кале“.

Паузата одлично им дојде на двата тима.

Ангели, единствениот прволигаш без победа е пред нов голем предизвик, го пречекува лидерот Пелистер, кој во ова, дветто коло влегува без пораз. Денеска (17 часот) вториот тим на МЗТ Скопје е домаќин на Еуро Никел, ова е уште една интересна средба.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 9. КОЛО

САБОТА:

17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 2005

17:00: Ангели – Пелистер

18.00: Работнички – Кожув

ПретходноЕвропа го одбра Левандовски, но остатокот од светот ја направи разликата
СледноБабунски ја донесе победата на Ботев над Берое (видео)