Во големото дерби во 13.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, кое се одигра попладнево во Охрид, Воска Спорт и Силекс одиграа без голови 0:0. Мрежите мируваа, иако се играше со нагласена желба за триумф. Со ова кратовци и натаму се без пораз сезонава, а Воска Спорт не успеа после Вардар го земе “скалпот“ и на уште “тешкаш“ што се вели. Сепак со ова реми охриѓани и натаму имаат предност пред третопласираниот Вардар од три бода.
Вардар пак ја “демолираше“ Велешта и тоа со 4:0. Многу рано беше речен овој меч, Филип Петковски во 14.минута веќе имаше два постигнати гола. Следуваа головите на Блажевски и одново на Филип Петковски.
Беса со 0:3 успеа да го победи Кораби на негов терен, додека Гостивар минимално, со 1:0 славеше над Кадино.
Тетекс водеше се до 88.минута со 1:0 против Охрид, но гостите преку Цуцули израмнија од пенал за конечни 1:1.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 13.КОЛО
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС 0:0
ВАРДАР – ВЕЛЕШТА 4:0
КОРАБИ – БЕСА 0:3
ГОСТИВАР – КАДИНО 1:0
ТЕТЕКС – ОХРИД 1:1
ТАБЕЛА: Силекс 35, Воска 26, Вардар 23, Тетекс 18, Гостивар 17, Кораби 16, Велешта 14, Беса 13, Охрид 11, Кадино 6…