Милан рутински против Салернитана (ВИДЕО)

118

Со головите на Френк Кеси во петтата, и Алексис Салемакерс во 18. тимот на Милан со победа против Салернитана ја отвори денешната Серија А програма.

Фаворитот на овој меч немаше поголеми проблеми да освои три бода, затоа што навреме поведе, и го удвои водството па на противникот му беше исклучително тешко да се враќа во резултатски живот. Тоа секако не му успеа, Салернитана е последнопласираниот тим на табелата, а Милан од другастрана е лидер на табелата барем до вечер, кога тимот на Наполи го игра својот дуел против тимот на Аталанта.

ПретходноМалме и Ердал Ракип се шампиони на Шведска (ВИДЕО)
СледноБаер го „расформира“ Гројтер Фурт