Реми на нашиот ривал на ЕП: Украина во пријателски меч во 90+2 се спаси од Бахреин!

201

Во пријателски меч во пресрет на ЕУРО 2020, вечерва во Харков селекцијата на Украина одигра 1:1 со Бахреин. Губеше се до 90+2.мин, но тогаш Циганков израмни на 1:1 и ја спаси својата селекција од пораз. Голот на Бахреин беше дело на  Џиа во 75.минута од пенал.

Секако дека со внимание ќе ги следиме пријателските на оваа селекција ако се знае дека на 17 јуни во Букурешт, токму Украинците ни се втор противник на ЕП.

Шевченко мечот го почна со следниот состав: Трубин, Тимчук, Кривцов, Матвиенко, Миколенко,Макаренко, Степаненко, Шапаренко, Зубков, Беседин, Марсов. Играа уште и Циганков, Довбук, Судаков, Сидорчук, Попов, Караваев.

Веднаш се гледа дека тој експериментираше со составот.

До стартот на ЕП, Украина ќе одигра и со С. Ирска (3 јуни) со Кипар (7 јуни). Пред мечот со Македонија, Украина во 1.коло во нашата група игра против Холандија на 13 јуни.

ПретходноДанска опомена за одбојкарите: Пораз на завршниот меч од првиот турнир во Сребрената лига
СледноМилосављев и Марсениќ останаа со празни раце, пехарот за Магдебург