„Ѕвездите“ на ПСЖ во 90+2. минута се спасија од срам на гостувањето кај Ленс!

280

За малку сензација во Лига 1, во меч од 17.коло. Имено Ленс одигра 1:1 против „ѕвездениот“ тим на ПСЖ. Бадијала и Меси, Ди Марија, Мбапе, Икарди, Вајналдум и останатите кога не можеа да го победат Ленс. Победата беше блиску за Ленс, домашните имаа водство од 62.минута со голот на Фофана се до 90+2.минута кога по асистенцијата на Мбапе, Вајналдум успеа да израмни и да го спаси својот тим од голем срам.

Треба да се каже дека во 90+4.минута Меси од слободен удар имаше шанса дури и за победа на ПСЖ, но сепак на крајот незадоволни беа домашните кои им недостигаше 120 секунди за голема победа.

ПретходноАталанта го шокираше Наполи, Елмас го одигра целиот меч!
СледноРеал победи на гостувањето кај Сосиедад, но го загуби Бензема!