РБ Лајпциг утрово објави дека му врачи отказ на тренерот Џеси Марш. Двете страни го раскинаа договорот со взаемна согласност, информираа од клубот.
Под водство на 48-годишниот американски стручњак, Лајпциг „киксна“ во првата полусезона во Бундеслигата. „Биковите“ имаат само 18 бодови и го заземаат 11-тото место на табелата во германскиот шампионат.
Претходно медиумите објавија дека нов тренер на Лајпциг може да стане екс-тренерот на Спартак (М), Доменико Тедеско.