Зекирија Рамадан седнува на клупата на Егнатиа!

259

Откако пред извесно време си замина од Приштина, Зекирија Рамадан, еден од нашите најдобри стратези, најверојатно ќе седне на клупата на Егнатиа. Ова го јавуваат медиумите во Албанија, кои известуваат дека раководството на абланскиот супер-лигаш и Рамадан веќе пронашле заеднички јазик и дека е договорена соработка.

Инаку Рамадан досега во својата тренерска кариера успешно ги предводеше екипите на Шкупи, Трепча, а со Фероникели и Приштина ги освојуваше титулите во првенството на Косово.

Претходно„На судија местач на натпревари му дадовте да го суди најголемото дерби во Германија!?“
Следно“Шверцери“ надвор од стадионот навиваат за Шкупи! (ВИДЕО)