ПМФЛ: Шкупи е есенски првак, без голови во Струмица, Шкендија со пресврт го победи Пелистер…

577

Завршија сите мечеви од 16.коло во ПМФЛ. Отако успеа да победи среде Автокоманда со 1:3 и тоа како гостин кај Скопје, екипата на Шкупи стана есенски првак. На две кола до крајот имаат +6 бодови пред А. Пандев.

Интересно беше на скопското дерби. Имаше од се по малку. Алварез двапати и Сенгор стрелаа за Шкупи, а Чешмеџиев си даде автогол. Значи сите четири голови беа дело на тимот од Чаир. Имаше и два црвени за домашните.

Во Струмица имаше многу борба, шанси, два црвени, но А. Пандев и Брегалница одиграа 0:0.

Во Струга, домашната Струга ТЛ и Тиквеш одиграа исто без голови.

Борец одигра добро и извлече бод против фаворизираната Македонија ЃП. Ѓорѓевиќ донесе водство, а Камара израмни за “лавовите“.

И во Тетово екипата на Шкендија имаше големи проблеми со Пелистер. Гостите имаа водство по првиот дел, но сепак Гури и Кривак во второто полувреме стрелаа за 2:1, за победа на Шкендија.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 16.КОЛО

А.ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА 0:0

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1

(Ѓорѓевиќ 35./Камара 67./)

СКОПЈЕ – ШКУПИ 1:3

(Чешмеџиев (авт) 42./Алварез 7., Сенгор 55.)

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 2:1

(Гури 48.,Кривак 86./ Јуфо 43.)

СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 0:0

ВЧЕРА:

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0:0

ПретходноНеверојатно: За осум минути „пиратите“ добија два црвени!
СледноБејтулаи настрада од “Балистите“!