Ралф Рангник, германскиот стратег, со победа дебитираше на клупата на Манчестер Јунајтед. Дали со ова започна “германската револуција“ во тимот од “Олд Трафорд“? Секако останува да се види во блиска иднина.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед попладнево во меч од 15.коло во Премиер – лигата успеаја на свој терен да го совладаат жилавиот Кристал Палас со 1:0 и со тоа да му го донесат првиот триумф на својот нов тренер во неговиот прв меч како стратег.
Победничкиот гол беше дело на Фред во 77.минута по додавањето на Гринвуд. Јунајтед беше разигра, создаде неколку шанси, но реализацијата не беше на некое повисоко ниво. И кога фановите на трибините веќе почнаа да бидат нестрпливи, Фред погоди за еуфорија на “Олд Трафорд“. Инаку и покрај најавите дека е повреден, во тимот на Јунајтед настапи и Кристијано Роналдо.
На останатите два меча кои започнаа од 15 часот, Тотенхем како домаќин немаше никакви проблеми со Норвич, успеа да слави со 3:0 и тоа со головите на Лукас Моура, Санчез и Сон.
Додека Лидс на свој терен се спаси од пораз во последните секунди, поточно во 90+5.минута од мечот со Брентфорд, крајниот резултат беше 2:2.