Скандалозен меч во Колумбија, Квадрадо го нарече „срам за колумбискиот фудбал“… (видео)

2533

Екипата на Магдалена славеше со 2:1 на гостински терен и тоа со головите во 95. и 96. минута со што избори пласман во првата лига. Магдалена играше со Љанерос, а фудбалерот на Јувентус и колумбиски репрезентативец Хуан Квадрадо го нарече тој натпревар „срам за колумбискиот фудбал“.

Магдалена славеше со 2:1 со голови во 95. и 96. минута со што избори пласман во ранг погоре, а вториот гол на гостите јасно зборува како изгледал натпреварот. Унијата на фудбалери на Колумбија побара реакција од националниот сојуз и да го преиспита мечот и да ги казни актерите.

ПретходноЛуд меч – Венеција водеше со 3:0, на крајот загуби (видео)
СледноДобра вест пред ЕП: Миркуловски се врати!