Куадрадо како Чалханоглу, погоди од корнер (ВИДЕО)

574

Јувентус води на дуелот против Џенова со 1-0 во Серија А. Хуан Куадрадо е стрелец на голот за „Старата дама“. Колумбискиот фудбалер демонстрираше вистинско ремек дел, голот го постигна од корнер.

Ова е втор ваков погодок во Серија А, вчера Чалханоглу, исто од корнер се запиша во листата на стрелци на дуелот меѓу Рома и Интер.

Горан Пандев не е во стартниот состав на Џенова, најдобриот македонски фудбалер засега е на клупата за резерви ја чека својата шанса.

Претходно„Академците“ со цел плен од Гостивар, Куманово излезе од сивилото
СледноФрајбург „пукна“ рекорд во Менхенгладбах (видео)