Некогаш стандардниот младински репрезентативец на Македонија, Ердон Даци, кој веќе тропа на врата кај сениорите, имаше импресивен настап за екипата на Вестерло и со два гола беше творец на големиот пресврт за победа на неговиот тим во белгиската втора лига.
Даци погоди за израмнување на 2:2 на дуелот со Мускрон, а потоа и за 4:2 во победата изборена во второто полувреме.
Со овие два гола, Даци дојде до бројката осум гола на 11 настапи во белгиската втора лига и му донесе на Вестерло лидерско место на табелата.