Бурно беше вчера на Автокоманда, домашниот состав на Скопје загуби од Шкупи во скопската пресметка. Секако, како и секаде во фудбалскиот свет, кој ќе загуби има право да се лути, барем такво е непишаното правило. По мечот, како што се гледа од оваа фотографија, и Љупчо Марковски Калц сакаше нешто да каже до судијата, но затоа тука беа припаднициите на МВР, за секој случај.