Пиоли: Мораме да бидеме непредвидливи за да го победиме Ливерпул

226

Милан во вторник ќе игра против Ливерпул за второто место во групата и продолжување на турнирот. Но на „росонерите“ не само што им треба победа туку треба да чекаат и поволен резултат од другиот меч помеѓу Порто и Атлетико Мадрид.

Ливерпул сигурно е прв затоа што има 15 бода, а Јирген Клоп ќе може да испрати и комбиниран тим на мегдан со Милан, Порто е втор со 5 бода, Милан е трет со 4 исто колку што има и последниот Атлетико.

Подготвени сме за секој детал од мечот со Ливерпул. Милан треба да биде силен затоа што пред себе има ривал кој е кандидат за европската титула“, изјави Пиоли.

Милан имаат многу повредени играчи во офанзивниот ред, но Пиоли има начин како тоа да го надополни.

Ибрахимовиќ не ни е единствен напаѓач. Колку сме понепредвидливи, толку повеќе непријатности можеме да му направиме на противникот. Спремни сме, а и навивачите ќе не мотивираат. Точно дека повредите се проблем, но потребно е да стиснеме заби и да извлечеме максиум од двобоите кои ни остануваат до 22 декември. Потоа ситуацијата со повредените ќе се подобри“, оптимист е Пиоли.

ПретходноЕлмас вреди 70 милиони евра!
СледноИсториски момент за Конго – се пласира во главната рунда на СП! (видео)